Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Економските мерки за заштита на стандардот даваат резултат, инфлацијата се намалува, велат од СДСМ

-Економските мерки и политики на владата предводена од СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани, соопшти СДСМ.

„Инфлацијата континуирано се намалува.

Стапката на инфлација во октовмри се намали на 3,5 проценти и е речиси преполовена во однос со претходниот месец, кога растот на трошоците за живот беше 6,6 отсто.

Инфлацијата е намалена за 5,5 пати, во споредба со октомври минатата година кога изнесуваше 19,8 отсто.

За заштита на стандардот на граѓаните, наскоро треба да биде проширена мерката за „гарантирана цена“, а дополнително на намалување на цените ќе влијае донесувањето на предложениот закон за нефер трговски пракитки.

СДСМ продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК