„Во оваа земја, овие 45 години владее еден закон, а тоа е законот на гравитација. Овде секогаш за едни е мајка, а за други е маќеа, во зависност од политичките констелации. Секој оној што е политички моќен или што има најмногу гласови меѓу македонскиот, албанскиот и останатите етникуми е лекторат. А, кога ќе падне од власт тогаш законот изричито се однесува за тој којшто е паднатиот“, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.
Тој смета дека постојат погрешни толкувања во однос на кривичниот законик и посочи дека колку и да се добри намерите за либерализација на кривичниот законик, гледаме дека некои луѓе пострадаа во време на Груевски. Конкретно тој ја спомена прес-конференцијата на господата Цановски.
„Со својот случај, гледаме дека со овој кривичен законик тие директно се погодени. Така што, за едни кривичниот законик ќе биде мајка за други маќеа“, заклучи Јовановиќ.