Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Тргна исплатата за “Мој ДДВ” – Од наредната година сумата на пари кои ќе им се исплаќаат на граѓаните ќе се зголемува

Како што објави порталот специјализиран за бизнис и економија Biznispro, во тек е исплатата на парите од повратокот на данок преку проектот Мој ДДВ. Голем број на корисници на своите сметки добија прилив, а во следниве денови исплатата ќе финализира за сите корисници.

Приливот се однесува за скенирани фискални за месеците јули,август и септември.

Можно зголемување на прагот на повратот на ДДВ

Директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на МТВ во средата, рече дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

-Не треба да останеме на повратот од 2.100 денари, туку може од наредната година постепено да го зголемуваме, рече Лукаревска.

Сите показатели што произлегуваат од овој четиригодишен период укажуваат дека мерката „МојДДВ“ е добро дизајнирана и позитивно прифатена од граѓаните, објави Biznispro.com.

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.