24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

На врвот: Порталот Centar соборува рекорди во посетеност, само во октомври имал 1,9 милиони посети

Продолжува трендот на раст и заддржување на лидерската позиција како еден од најчитаните портали во Македонија на македонски јазик.

Порталот Centar.mk соборува рекорди во посетеност, само во октомври имал речиси 1,9 милиони посети (1.890.000) и над 2,3 милиони прелистувања на страници.

Интересно е што дури 85 отсто од посетите доаѓаат од Македонија, останатите од земји каде што има македонски иселеници како Германија, Австралија и Италија.

Centar.mk секој месец транспарентно ја објавува посетеноста на својот портал кој е мерен од Google Analytics, но и од независна компанија за мерење на рејтингот на медиуми.

Поради високата доверба која ја има читателската публика кон Centar.mk се рекламираат најголемите и најмоќните компании во Македонија од банкарскиот, фармацефтскиот, енергетскиот, градежниот, телекомуникацискиот сектор и многу други дејности… препознавајќи го Centar.mk како премиум рекламен простор, кој нуди соврешна интеграција на рекламните банери без да бидат нападни за читателите, а притоа и нашите клиенти да имаат одлична видливост.

Имено Centar.mk на своите корисници им нуди одлично корисничко искуство, со оглед дека на една страница се појавуваат меѓу 2 и 4 рекламни банери, а тоа е и одлична можност за клиентите да бидат видливи и нивните банери да бидат кликнати од заинтересираните читатели, совршено избегнувајќи ја ситуацијата читателите да бидат затрупани во десетици различни банери кои излегуваат од сите страни што би било контра-продуктивно.