Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Донација од Фондацијата Заев – шест мотоцикли за македонската полиција како општествена одговорност кон безбедноста

Денеска,  во кругот на Министерството за внатрешни работи, беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

-Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата.

Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Воедно, Спасовски потенцираше дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК