Centar.mk
БИЗНИСвест

Ковачевски: Ако тие сакаат да купуваат дел од наши компании и ние сме заинтересирани за купување на Солунското пристаниште

„Грчките компании можат да имат свои стратегии исто како што и ние можеме и имаме стратегија. Доколку тие сакат да купуват дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на Солунското пристаниште“ рече денес премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека се продаваат делови од МЕПСО.

Премиерот додаде дека компанијата е во целосна државна сопственост и дека Владата нема водено никакви разговори за продажба на МЕПСО.

„Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека оваа информација е само дезинформација која е споделена од опозициските медиуми.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, исто така повтори дека информациите дека се продаваат удели на МЕПСО не се вистинити, но потенцираше дека е убаво кога различни компании се интересираат да инвестираат во државава, бидејќи тоа ја покажува геостратешката положба на земјава.

Можеби ќе ве интересира

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари

ДЕСК

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

ДЕСК

Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со конкретен план и мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно – велат од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК