Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: До утрово, активен е еден пожар, во општина Студеничани

„Месец октомври го завршивме до дневен биланс од 21 пожар на отворено на 31 октомври – во тек на едно деноноќие, а од вчера месец ноември го започнуваме со 10 пожари на отворено и покрај тоа што температурите, барем ноќе се ниски, има поголема присутност на утринска роса и почнаа локални врнежи дожд“, соопшти ЦУК.

До утрово, активен се уште е само еден – во општина Студеничани, кај месноста „Мала Река“ во реонот над селото с.Алдинци, на речиси непристапен терен, каде што гори ниска вегетација и мешана шума.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше, дека во октомври имало 614, а во септември 597 пожари на отворено, што е за најмалку 200 пожари повеќе од август кога имало 395 пожари и кога вообичаено знаеме дека е пикот наќ пожарите на отворено.

„Инаку, генерално и според досегашните искуства, во септември веќе не би требало да се очекува да ги има во толкав број пожарите на отворено, а во октомври би требало да бидат многу ретки. Во јули оваа година имало 186 пожари на отворено, а во јуни само 20 за цел месец, согласно податоците од Секторот за аналитика во ЦУК. Споредено со бројките од октомври – тоа е помалку и од бројот на пожарите во еден ден, конкретно во последниот ден од месец октомври (31.10.2023), кога имало 21 регистриран пожар на отворено – службено регистрирани пожари што претставувале предмет на интервенција на храбрите пожарникарски тимови и пилоти во државата, а и ангажман и на други институции и служби од Системот за управување со кризи (СУК) во државата“, соопшти ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК