Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поранешната министерка Јанкуловска излезе од затвор

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври доколку не направи ново кривично дело.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк”.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК