Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МП формира работна група за реформа на Судскиот Совет

Министерството за правда ја известува јавноста дека во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет. Во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата.

Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата. Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката.

Министерството за правда би сакало да го истакне значењето од реформата на Судскиот совет како орган кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните и целокупната јавност во судскиот систем.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК