Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Во текот на изминатите неколку години претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во безброј наврати покажа несериозно однесување

„Во текот на изминатите неколку години претседателот на ВМРО-ДПМНЕ покажа едно несериозно однесување. Во текот на еден ден или една седмица по неколку пати менуваше изјави, истакна пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева во интервју на „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа потсети дека прво побарал да бидат поставени неколку услови, предложиле резолуција која се прифатила, побарале Влада без ДУИ, тој одбил, поканет бил на безброј средби но не се појавил на ниту една од нив. Сега имаат нова покана и пак не прифаќаат.
„Еден ден даде изјава дека Америка е наш најголем стратешки партнер, а во истиот ден изјави дека Ескобар дошол да врши тортура и притисок врз опозицијата. Ова е знак на несериозност за еден политички лидер“, заклучи Колева.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК