Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен тетовчанец оти украл југо

Полицијата уапси 54 годишен маж од Тетово, кој се сомничи дека на 28 месецов, во Тетово, украл патничко возило „југо“, во сопственост на 27 годишник

„ На 28.10.2023 во 17.15 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Џ.Д.(54) од Тетово. Тој се сомничи дека истиот ден во Тетово одзел патничко возило „југо“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р.(27) од Тетово. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Д. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК