22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, превентивни активности на МВР

Во Велес и Тетово беа реализирани неколку превентивни активности на полицијата.

На Градскиот пазар во Велес, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес беше реализирана активност за превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица.

На подрачје на СВР Тетово пак, Отсекот за превенција на СВР Тетово стартуваше со имплементација на проектот „Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, во кој се опфатени 1.500 ученици од тетовско – гостиварското подрачје. Главна цел на активноста е подигнување на сообраќајната свест со цел да се постигне поголема безбедност во сообраќајот.