Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Соработката со Турција е мост што овозможува поголеми пријателски односи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со делегацијата на Република Северна Македонија во Турција, се сретна со градоначалникот на општина Каршијака, Џемил Тугај. На почетокот од средбата министерката Тренчевска ја искажа благодарноста за поканата делегацијата да биде во нивната земја со цел размена на искуства и потврдување на соработката помеѓу двете држави.

Градоначалникот Тугај на средбата истакна дека Република Северна Македонија е блиска земја со Турција посочувајќи на корените на нивниот основоположник Кемал Ататурк, кој по потекло е од РСМ.

Фокусот на дискусијата на средбата беше на негување на засебноста на македонскиот и на турскиот народ. Тренчевска истакна дека во РСМ има градинки во кои воспитно-образовната програма се изведува на турски јазик и се овозможува негување на нивната култура уште од најрана возраст.

На крајот од средбата беа искажани убедувања дека досегашната поддршка и соработка е само почеток и дека таа во иднина ќе се продлабочува.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК