Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници запалиле оган на балкон од тетовската болница

По преземени повеќе оперативни мерки, Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификува лицата што вечерта на 23 овој месец, околу 19 часот, запалиле оган на балконската просторија пред кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност.

Станува збор за 8 малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години, соопшти МВР.

По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со нив и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК