Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Летни температури до 27 степени и наредните денови – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Утре ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Потоа во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата локални врнежи од дожд.

Прогноза за 29.10.2023
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.10.2023
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 31.10.2023
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +