Centar.mk
БИЗНИС

ЕЦБ стави крај на серијата зголемувања на каматните стапки, но загриженоста за економијата уште расте

По 10 последователни зголемувања на каматните стапки, Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот одлучи да ја остави основната каматна стапка во еврозоната непроменета на 4,5 отсто.

Ова го соопшти ЕЦБ по состанокот на Управниот одбор на банката во Атина.

Многу економисти очекуваа дека централната банка засега нема дополнително да ги зголемува каматните стапки. Инфлацијата во еврозоната неодамна падна. Во исто време расте и загриженоста за економијата. Врз основа на досегашната оценка, Управниот совет смета дека клучните каматни стапки на ЕЦБ се на нивоа кои, доколку се одржуваат доволно долго, ќе дадат значителен придонес кон оваа цел – соопшти ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +