Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Вучиќ беше командант, ментор на Мицкоски!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека криминалниот октопод на Балканот се руши по падот на Александар Вучиќ и дека ќе следат разврски на сите криминални спреги со Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека Вучиќ беше ментор и командант на Христијан Мицкоски, а неговиот модел на владеење бил пресликан во Македонија преку бизнис, политички и медиумски врски.

„Практично, ВМРО е помала, приврзок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во нашата земја“, истакна Филипче.

Претседателто Филипче нагласи дека неговите пораки за случувањата во Србија се однесуваат на демократските промени во регионот и на слабеењето на криминалната мрежата што, ја одржува власта на Мицкоски по што доаѓа време на одговорност.

„Дали славиме туѓи избори? Не. Го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спреги на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите коишто го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим. Е сега, на тоа постепено му доаѓа крајот“, порача Филипче.

Претседателот Филипче се осврна на врските во енергетиката, посочувајќи ги министерката Сања Божиновска, „Руднап“, трговијата со струја и релациите со Душан Адамовиќ. Тој потенцираше дека Мицкоски ѝ должи на јавноста објаснување за тие односи.

„Врските со ‘Руднап’, трговијата со струја, врските со Душан Адамовиќ, човекот којшто беше поставен за почесен конзул. Човекот за којшто Христијан Мицкоски не кажа никогаш, иако има средби за коишто има и фотографии, каква е неговата релација со него. Броилата, купопродажните договори и така натаму. Сè е тоа една голема коруптивна шема со којашто се крадат парите на граѓаните, се осиромашува Македонија, сè во интерес на бизнис-интересите на оваа банда на власт“, обвини Филипче.

Филипче го посочи и влезот на „Алта банка“ и ширењето на српските медиуми во земјата како дел од истата мрежа на влијание. Претседателот Филипче нагласи дека делењето на опозицијата е уште еден дел од моделот на владеење преземен од Вучиќ.

На прес конференцијата Претседателот на СДСМ порача дека борбата против корупцијата ќе значи одговорност за сите, без разлика на партиската припадност, како и враќање на украдените пари на граѓаните.

„Ќе ја искорениме корупцијата од земјава. Тоа е тоа што нè држи на дното на Европа. Ќе има одговорност, без разлика кој на која партија припаѓа. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар којшто го украдоа од буџетот, од иднината на децата, на семејствата и на граѓаните, да знаат дека ќе го вратат“, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

ДЕСК

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

ДЕСК