Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена скопјанка, ја прегазила „тојота корола“

Вчеравечер, во 20.40 часот, било пријавено дека во Скопје, на улицата 11 Октомври, патничко моторно возило „тојота корола“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Е. К. од Кавадарци, удрило во 47-годишната Л. С. од Скопје, извести МВР.

„Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. С., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК