Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот на собранието Џафери со Килија Вал, шеф на мисијата на Обсе во Скопје

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговараше за новиот Деловник за работа на Собранието.

Претседателот Џафери се заблагодари на целата поддршка што Собранието ја добива од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на минатиот период. Поддршка имаше и за прашања од предлог Деловникот кој е продукт на петгодишно конструктивно работење помеѓу парламентарните политички партии за постигнување на консензус во однос на предвидените одредби во новиот Предлог Деловник за работа на Собранието. Тој нагласи дека целта на сите учесници во изготвувањето на новиот Предлог Деловник е да се спречат сите несакани случаи на блокирање на работата на законодавниот дом, поучени од досегашното искуство во изминатите 30 години. Исто така информираше дека се предвидува новиот Деловник да се применува од наредниот пратенички состав. Моментално е во фаза на второ читање во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која е закажана за утрешниот ден и на која ќе се разгледуваат поднесените амандмани за Предлог Деловник. Се очекува да се прифатат дел од амандманите кои се дел претходно прифатени со консензус координаторите на пратеничките групи. Претседателот рече дека правилата за работа на Собранието мора да бидат прецизни затоа што се најдобриот инструмент за функционален парламент.

Амбасадорот Килијан Вал искажа задоволство од процесот на координација околу донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието и изрази очекување за негово донесување до крајот на овој месец. Исто така, искажа подготвеност Мисијата на ОБСЕ во Скопје да продолжи да ја поддржува и унапредува работата на Собранието секаде каде е потребно во иднина.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК