Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Платите во културата ги зголемивме за 43% – велат од СДСМ

-СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и за уметниците, трудот на културните работници достоинствено се вреднува, соопшти СДСМ.

„Од почетокот на 2021 година досега, платите во културата се зголемени за 43 отсто.

Платите во културата беа зголемувани во неколку наврати и тоа за 1,65 отсто во 2021, за 19,55 отсто во 2022, за 12,55 отсто во 2023 во март, сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за уште 10 отсто повисоки плати.

Зголемувањето за 10 отсто е резултат на потпишувањето на Општиот колективен договор за платите во јавниот сектор, којшто гарантира континуиран раст на платите, со решение кое нема да зависи од волјата и желбата на која било политичка партија и сега и во иднина.

СДСМ продолжува со вложувања во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК