14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Шукова: Ќе има казни доколку компаниите не формираат здруженија за управување со индустриски отпад

„Колективните постапувачи се здуженија кои ги формираат компаниите кои се одговорни за одреден тип на индустриски отпад. Компаниите кои работат со таков отпад треба да се здружат и да формираат здружение и има таргети кои согласно законот треба да ги исполнат“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека овие здруженија не ги формира министерството, туку самите компаниите и дека согласно законот се утврдени и санкции.

„Овој систем е пресликан од ЕУ и земјите членки. Тешки се овие системи, повеќе компании се здружуваат и ги постигнуваат целите. Има таргети кои се зголемуваат и надоместокот кој го плаќаат се зголемува“ рече Шукова.

Министерката додаде дека предвидени се казни доколку не се формираат овие здруженија и нагласи дека индустрискиот отпад не може и не смее да завршува на комуналните депонии.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +