2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Бектеши на Suppliers Balkan Expo: Создаваме предвидлива бизнис клима за компаниите за реализација на своите инвестиции во Северна Македонија

Република Северна Македонија има солидна институционална рамка и стратегија за унапредување и поддршка на инвестициите. Со мерките и политиките кои ги носи Министерството за економија негуваме врски помеѓу локалните и мултинационалните фирми. Оваа цел се поддржува преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции кој обезбедува финансиска поддршка за инвестиции и конкурентност, и тоа за нови вработувања, за воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи регистрирани во Република Северна Македонија. Исто така се поддржува и преку активната економска политика за развој на кластери што е вклучен сегмент во Индустриската стратегија како и Стратегијата за иновации што ја поддржува интеграцијата на локалните компании во глобалните синџири на вредности и Стратегијата за конкурентност која особено има за цел да создаде атрактивно деловно опкружување за странските инвеститори преку реформи и јавен приватен дијалог, мобилизација на дознаки од дијаспора и подобрување на собирањето податоци, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo кој се одржува во организација на Македонско-Германското стопанско здружение.

Министерот истакна дека Северна Македонија континуирано дава поддршка на компаниите кои се извозно ориентирани и кои реализираат инвестиции.

„Северна Македонија прави големи напори со институциите да овозможи најдобри услови за работа на македонскиот пазар. Најважно од се е компаниите кои ќе решат да иневстираат во Северна Македонија да имаат предвидлива бизнис клима. Во насока на понатамошна поддршка на развојот на индустријата, диверзификација на производството и зголемување на извозот Владата нуди поголем сет на мерки, како мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, мерки преку програмите на министерство за економија за поддршка на преработувачка индустрија и МСП, мерки од фонд за иновации и сл. Следни активности во кои е вклучено министерството, а треба да имаат позитивно влијание врз понатамошна поддршка и поттик на фирмите во нивниот раст и развој се паметната специјализација чиј фокус е на соработка наука и бизнис во поддршка на истражување, развој и иновации согласно потребите на бизнисот и извозна стртаегија како стратешка рамка за поддршка на фирмите во извозна споремност и извозна промоција“ кажа министерот Бектеши.

Бектеши додаде дека на вакви настани е важна соработката помеѓу компаниите во регионот да дадат дополнителна доддена вредност во ланците на снабдување што е клучно барање на компаниите од ЕУ.

„Имајки го во предвид Законот за финансиска поддршка на инвестиции, освен стабилност и сигурност Северна Македонија нуди и предвидливост на инвеститорите во реализација на нивните инвестициски преокти, што во крајна цел ќе значи отварање на нови работни места и позитивен импакт на целата економија“ кажа министерот Бектеши.