Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Настанот во Ист гејт топ тема во регионалните медиуми: Пукање во трговски центар во Скопје, има ранети

Топ тема е пукањето во трговскиот центар ист гејт мол во Скопје кое се случи денеска и во медиумите од бивша Југославија.

Две лица се ранети во престрелка што попладнево се случила во трговски центар во Скопје. Полицијата трага по напаѓачот, пишува Дневни аваз.

Нападот се случил во трговскиот центар „Ист Гејт“.

Две лица биле застрелани додека се симнувале по ескалаторот, пишуваат босанските и српските медиуми.

Откако испукал неколку куршуми кон жртвите, напаѓачот побегнал во спротивна насока и засега не се знае каде се наоѓа.

Повредените се пренесени во болница, а посетителите во паника го напуштиле трговскиот центар.

Според непотврдени информации, една од жртвите е тешко повредена и неговата операција е во тек,пишуваат медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК