Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ им го честита на граѓаните 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ им го честита на граѓаните 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Македонската револуционерна борба е многу повеќе од ден кој се одбележува еднаш годишно.
Борбата и патриотизмот со кој револуционерите го градеа патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, се и наш долг кон новите генерации.
Денес, нашиот патриотизам е со поглед свртен кон иднината. Ова е времето кога новата генерација македонски општественици ќе ги испише историските страници кои ќе бидат препознаени како европски и напредни.
На цврстите темели на кои е вграден македонскиот идентитет продолжуваме да ја градиме заедничката иднина, во мир и просперитет, во чекор со големото европско семејство.
Честит Ден на македонската револуционерна борба.“ – напиша Маричиќ на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК