Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓаните им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓаните им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„На 23 Октомври ја чествуваме македонската револуционерна борба и сме свесни дека таа наша борба живее во мислите на секој македонски граѓанин, секој ден, со секое сеќавање и со секоја наша мисла за подобро утре.
Со секое спомнување и сеќавање на македонската борба се инспирираме од мисијата на цела плејада личности кои низ вековите ги вложија своите ангажмани и животи во создавањето и чувањето на македонскиот идентитет и на македонската држава. Нашата мотивација за денешната современа македонска борба се токму визионерите кои ги препознаа историските моменти да преземат одговорност и да носат големи одлуки за доброто на народот.
Така беше трасирана иднината за народот на Македонија во револуционерниот период, за да живее во своја држава, еднаква со сите други на меѓународната сцена, со стремеж еден ден да бидеме горда земја членка на заедницата на европските народи.
Честит 23 Октомври.“ – напиша министерката на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК