Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

(Фото) Претреси на две локации во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Денеска (23.10.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР, по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес на две локации кај М.Д.(29).

При претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на нас.Карпош, била пронајдена марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм. Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +