Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Состојба на патиштата: Цистерната е отстранета по сообраќајната несреќа кај Струмица, сообраќајот тековно

Од 00:50 ч. сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица, од клучка Ињево до с.Бучин, е нормализиран. Сообраќајот тука беше во целосен прекин поради подигање на цистерна од случена сообраќајна незгода синоќа во 21.18 часот, информираат утрово од АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека од утре ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 – делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.

Утрово, пак, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК