Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија : Загина млад мотоциклист, се удрил во паркиран камион

Полицијата во денешниот полициски билтен извести дека вчера попладне во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од товарно моторно возило „ман“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од Р.П.(43) од Прилеп, велат од полицијата.

Според МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде им подлегнал на повредите, додадоа од таму.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК