Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Ако сакаме правда таа мора да биде еднаква за сите и обичните граѓани и за функционерите

„Ако сакаме правда, таа мора да биде еднаква за сите, без разлика дали се работи за обичен работник или функционер. Секој треба да одговара за стореното“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека не може некој што е моќен, што создал криминален имот, криминални пари, да биде повлијателен во општеството и врз законите од било кој друг граѓанин.

„Да, Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во Северна Македонија. Не станува збор за еден предмет, има повеќе предмети за него. Нема законско решение кое него го амнестира за сите одлуки кои се донесени за издржвуање мерка притвор или затвор, ниту делата за кои се терети може да бидат застарени“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека не гледа начин како Груевски може да се врати во земјава, а да не одговара и лежи во затвор.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК