Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Симптом кој укажува на рак на хранопроводникот, а се јавува додека сме во тоалет

Ракот на хранопроводникот е малигно заболување кое е многу тешко да се препознае. Постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на тоа дека некое лице страда од оваа смртоносна состојба.

Овој тип на рак всушност се развива во клетките на хранопроводникот кои се наоѓаат во внатрешноста на слузницата, а потоа се шири во хранопроводникот и неговиот ѕид.

Доколку симптомите не се препознаат навреме, прогнозата не е охрабрувачка, предупредуваат лекарите.

Еден од најчестите симптоми на рак на хранопроводникот може да се забележи кога сме во тоалет, а зборуваме за темната боја на столицата. Имено, ваквата промена на бојата на столицата настанува поради крварење, а во столицата често е видлива и свежа крв. Други симптоми на рак на хранопроводникот вклучуваат: проблеми со голтањето, замор, стомачна болка, кашлица, губење на гласот или тешкотии во говорот, горушица што не поминува долго време и губење на апетит.

Истражувањата покажуваат дека околу 9.300 луѓе се дијагностицираат со оваа болест годишно, а луѓето постари од 75 години, мажите и сите оние кои имаат одредени долгорочни состојби како што е гастроезофагеална рефлуксна болест се изложени на поголем ризик. Исто така, пушењето и пиењето алкохол исто така ги зголемуваат шансите за добивање рак на хранопроводникот.

Можеби ќе ве интересира

Дали комбинацијата од куркума и мед навистина прави чуда за телото и кожата?

C +

Високо преработената храна ги загрозува сите главни органи

C +

Мутиран вирус се шири низ целиот свет – Експертите предупредуваат за најлошата зима во деценијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.