Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Индија поради лажни дозволи за престој

На 20.10.2023 во 09.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на влез во државата, при извршени проверки на Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), двајцата од Индија, било констатирано дека кипарските дозволи за престој што ги дале на увид биле фалсификувани.

По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор во кој изјавиле дека дозволите ги купиле од лице во Р.Турција за сума од 1.900 евра. Двете лица биле приведени од полициски службеници и по насока од Јавен обвинител биле пренесени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +