Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во тетовска Мала Речица, пронјадени пиштоли, муниција и дрога

-По претходно преземени мерки и активности, на 20.10.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Оделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршен е претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ.(25) и Ф.Џ.(26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол “Застава” кал. 7,62мм со една рамка со два куршума, еден пиштол “Зораки” 917-Т со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми кал. 7,62мм, една ќеса со тревкаста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја, соопшти МВР.

Во координација на јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК