23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Осудата на нападот на Хамас беше оправдана, тоа беше обид за дестабилизација

Во таа смисла, ние како НАТО членка и ЕУ претендентка, треба да сме претпазливи и да ги земеме предвид фактите дека осудата за терористичкиот атак на Хамас е оправдана, затоа што нападот имаше тенденција да го радикализира Израел и со тоа да го дестабилизира Блискиот Исток. Идеолошки, Хамас имаат и претензии целосно да го преземат легитимитетот на „арапското ткиво”, и сите ние да почнеме Палестинците да ги изедначуваме со Хамас. Но, тие не се едно те исто. Ниту пак сите Арапи се членови на Хамас.

Од една ваква перспектива, ризикот конфликтот во Газа да стане тотална војна на Блискиот Исток е, за жал, сѐ уште отворен. Во такво сценарио, и услови кога ја знаеме релацијата меѓу САД и Израел, можеби некој очекува дека значително би се ослабела и САД. Но, верувам дека до ова нема да дојде.

Една трошка надеж после во овој хуманитарен колапс, мислам дека ќе мора уследи ако се отвори можноста за конечно решение со две засебни држави. Но, уште е рано и не можам да предвидам до кој степен ќе ескалира конфликтот.

Во меѓувреме, во ЕУ се бараат начини како да не се суспендира помошта за Палестинскиот народ и таа да не заврши во рацете на Хамас. Не треба да има колективно казнување, но мора да биде јасно и гласно осуден секој терористички акт. Затоа впрочем, сведочиме на масовна осуда кон тероритичкиот напад на Хамас врз Израел. Но, од Русија таква експлицитна осуда не беше упатена, напротив! И токму од тие причини, не се усвои пред некој ден „руската” резолуција во ОН.

Мислам дека нашата земја постапи правилно што се приклучи кон таа осуда.