Centar.mk
БИЗНИСвест

Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација, велат од СДСМ

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација, соопшти СДСМ.

„Светската банка очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година.

На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.

Потенцијалот на македонската економија за раст ќе се зголемува како што земјата се приближува кон ЕУ преку реформскиот пат за структурни реформи и јакнење на економијата.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Отворен Саемот на мебел 2026 – „Инспирација за секој ден“ во „Борис Трајковски“

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

ДЕСК