Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистени шест тешки кражби во битолско, приведени четири лица

На 19.10.2023 во с.Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од с.Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК