Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Наставниците ги добија покачените плати, оние со поголем стаж надминаа плата од 40.000 денари

Наставниците, на почетокот на месецов, ги примија новите септемвриски плати, покачени за 15 проценти.

Па така, ако еден наставник во основно образование во август оваа година имал почетна плата од 29.258 денари, во септември примил плата 33.511 денари.

Раст има и кај професорите во средните училишта. Професор што за август имал почетна плата од 30.485 денари, во септември добил 34.926 денари.

Зависно од стажот на наставниците, односно од степенот на сложеност, останатите плати се повисоки, а оние кај оние наставници и професори со поголем стаж платата надминува 40.000 денари.

Исто така, вработените во образовниот сектор за првпат после 24 години ќе го добијат и регресот за годишен одмор кој ќе изнесува 10.000 денари.

Регрес за годишен одмор ќе добијат сите вработени во администрацијата во износ од 10 илјади денари, а од следната година тој ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната плата.

Во изминатите шест години платите на наставниците се покачени за 55 отсто.

Тоа е далеку поголемо зголемување, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.