22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Муцунски нема реализирано ниту еден од седумте топ приоритетни проекти од неговата програма

Тимчо Муцунски ја заокружува втората година од својот мандат како градоначалник на општина Аеродром.

Пред две години, Муцунски излезе со обемна програма на ветувања, а издвои и топ седум приоритети за неговиот мандат.

Проверката покажува дека во првите две години ниту еден од тие седум приоритетни проекти не е реализиран.

Тоа, го потврдува и советникот и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општината, Милутин Ристески.

„Точно 0 од топ 7 приоритети на Тимчо за Аеродром се реализирани во првата половина од неговиот мандат:
0 од 4 нови градинки
0 од 2 кружни текови, помалку од 100 од 3.000 нови паркинг места
0 нови велосипедски патеки
0 нови паркови
0 од 1 нова гимназија, 0 од 1 зелено училиште
0 од 1 нова мултифункционална општинска зграда, 0 сцени, библиотеки и читални
0 корупција, општина пример за сите, дом на кој можете да се потпрете⁉️
Половина мандат лаги – ова се резултатите на Тимчо и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром“ вели Ристески во објава на својот Фејсбук профил.

И додека од опозицијата во Советот му замеруваат на Муцунски што не ги исполнува ветувањата, граѓаните му замеруваат за Деталниот урбанистички план за населба Лисиче, за обидите да ја задолжи една од најбогатите општини со општинска обврзница и сметаат дека по половина мандат, она што го направил тој е премалку за најголемата скопска општина.

Извор: 24инфо.мк