24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од лавовите на шарената револуција не останаа ниту мали мачиња, барем да бекнеа за она што се случува

Најпрвин правеа спектакли и естрадни атракции кога им упаѓаа на луѓето дома, кога со качулки на главите, со лисици на рацете ги изнесуваа ги носеа и потоа од сам старт без да ја почитуваат пресумцијата на невиност ги обвинуваа дека се криминалци, дел заслужено, дел незаслужено. Од тие кои едно време беа шарени револуционери и кои што скандираа „Нема правда нема мир“, денеска од тие големи лавови и херои, гледате дека не останаа ниту мали мачиња барем да бекнеа, да гукнеа нешто за ова што се случува, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Општина Зелениково, одговарајќи на новинарско прашање околу прекинот на дузина судски предмети.

„Навистина трагично е тоа што ваквиот начин каде што се имплементира политичка неказнивост, но истовремено се обезбедува идна амнестија за сторените кривични дела изминативе 6 години го разочарува народот, го демотивира народот и затоа денеска ние сме сведоци на цели семејства коишто ја напуштаат Македонија затоа што се разочарани и обесхрабрени затоа што немаат надеж“, додаде Мицкоски.

Toj вети дека во првите 100 дена откако ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада јавноста ќе види јасно што значи резолунтна и робусна борба и искоренување на криминалот и политичката корупција.

„Мора веднаш да се влезе агресивно и робусно во борба со ваквиот тип на сторители за коишто постои основано сомневање за сторено кривично дело, бидејќи некако ни стана нас пракса да постои неказнивост, а таа пракса е лоша и за државата, а најмногу е лоша за граѓаните бидејќи ги разочарува“, потенцираше Мицкоски.