Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје ја реконструира улица 50 во Шуто Оризари

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за реконструкција на улицата 50 во општината Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за граѓаните на оваа општина и со која се решаваат долгогодишните проблеми во овој дел од градот. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции од страна на Град Скопје на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.

Реконструкцијата ја изведуваат екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот.

Можеби ќе ве интересира

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +