Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

СОЗР: Цените во рестораните во државните институции се ниски бидејќи работиме со 15 отсто маржа и не се бориме за профит

Рестораните во државните институции кои се менаџирани од Службата за општи и заеднички работи работат на принцип на рамковни годишни набавки и маржа од 15 отсто, поради што цените се конкретни и се пониски од комерцијалните ресторани кои остваруваат профит и не фуцнкионираат со годишни јавни набавки, соопштија од СОЗР.

Од службата реагираа откако во јавноста се појавија натписи дека тие им овозможуваат богато и евтино мени на функционерите. СОЗР информира дека во рестораните во државните институции се опслужуваат илјадници вработени, но и граѓани кои ги посетуваат институциите.

„Прашањето на разликата во цените во ресторани кои ги опслужуваат државните институции и цените во комерцијалните ресторани кои ги плаќаат граѓаните не е прашање на привилегија, туку е прашање на одговорно работење и практики кои ги употребува СОЗР преку кои што се држат трошоците на институциите под контрола“ велат од СОЗР.

Тие исто така додаваат дека за разлика од енормните трошоци и милионските суми кои ги трошеше владата на ВМРО ДПМНЕ во овој сегмент, сега преку овие воведени практики на одговорно работење, трошоците се сведени на минимум.

„Сите државни институции трошат разумно и своите потреби ги задоволуваат во рамки на државните ресторани што во крајна линија значи заштеда и одговорно менаџирање на буџетските средства“ велат од СОЗР.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК