Centar.mk
БИЗНИСвест

ЕУ ИТНО ПОВЛЕКУВА СЕРИЈА НА ПРОИЗВОДИ КОИ СИТЕ ГИ КОРИСТИМЕ: Содржат штетни состојки, одлуката предизвика гнев во јавноста

ЕУ воведува забрана за производи кои содржат премногу микропластика, бидејќи се штетни за животната средина.

Производите што содржат премногу микропластика се оценети како штетни за животната средина и ќе бидат повлечени од продажба од 15 октомври. Имплементацијата на новата регулатива на ЕУ предизвикува големи негодувања на социјалните мрежи, пишуваат германските медиуми, а пренесува магазинот Феникс.

Регулативата на ЕУ ги опфаќа сите синтетички полимерни честички под 5 милиметри кои се органски, нерастворливи и тешко се распаѓаат. Микропластиката најмногу се користи во овие производи: светки, козметички производи, детергенти за перење, производи за чистење, играчки, ѓубрива, производи за заштита на растенијата, лекови

Забраната сега првенствено се однесува на светките и козметичките производи што содржат микромонисти. Тоа се мали пластични топчиња кои се користат, на пример, за пилинг на кожата. Исто така, микропластиката се користи на вештачки спортски површини. Според Европската комисија, ова е најголемиот извор на свесно користена микропластика во животната средина.

„Забраната на намерно додадена микропластика ќе реши сериозен проблем за животната средина и здравјето на луѓето. Микропластиката се наоѓа во океаните, реките и на копното, како и во храната и водата за пиење. Ова ограничување влијае на многу мали честички, но е голем чекор кон намалување на акцијата на загадувањето предизвикано од човекот“, вели еврокомесарот за животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК