Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Успешните економски политики на СДСМ ги потврди и ММФ, велат од партијата

-Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, инфлацијата се намалува, економијата расте, се покачуваат платите и пензиите, соопшти СДСМ.

„Потврда за успешните економски мерки стигна и од ММФ, кој ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5% годинава и 3,2% за 2024 година.

Проекциите на ММФ се дека растот на БДП во земјава ќе биде поголем од оној на Србија, Бугарија Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ.

Македонија го задржа и кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани и заштита на животниот стандард, како и со мерки за поттикнување на економскиот раст.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Пет кандидати во трка, гласаат 187 обвинители

ДЕСК