Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза“ Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“. На средбата се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата.

На министерката и беше презентиран план за донација од фондацијата „Лоза“ од 3 сензорни соби, наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост. Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК