17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со ученичките кои учествуваа на олимпијадата по англиски јазик „HIPPO“ 2023 во Рим

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими трите ученички, учеснички на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ 2023, којашто се одржа во Рим.

Претседателот Пендаровски ѝ честиташе на средношколката Ана Радеска од Скопје за освоеното прво место на олимпијадата во категоријата „Hippo 3”, како и на Катја Гогова од Богданци и Тамара Николовски од Битола, за постигнатите успеси и пласманот во финалето.

Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека е особено горд што две години по ред ученици од земјава го освојуваат првото место на оваа меѓународна олимпијада. Тоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, е потврда за квалитетот којшто го поседуваат нашите ученици. Истовремено, ги охрабри и натаму да продолжат да ги надградуваат своите знаења и да постигнуваат уште поголеми меѓународни успеси.
Ученичките и нивните менторки, на средбата, посочија дека олимпијадата е одлична можност за промовирање на важноста и неопходноста од познавање на англискиот јазик, како и за зближување на младите од целиот свет, културно запознавање и унапредување на соработката помеѓу наставниците по англиски јазик.

Меѓународната олимпијада „HIPPO“ се организира од 2012-та година. Годинава на олимпијадата во Рим учествуваа повеќе од 80.000 натпреварувачи од над 50 земји во светот.