7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

РК Алкалоид утре ќе дебитира на европската сцена

РК Алкалоид утре ќе го има своето деби во натпреварувањата кои се во организација на ЕХФ. РК Алкалоид, во Лига Европа, ќе го пречека шампионот на Србија, Војводина.

Предводникот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров е претпазлив и во исто време оптимист, пред стартот на клубот во второто според квалитет натпреварување на ЕХФ.

„Ова е историски натпревар за нашиот клуб.. Ќе пробаме да бидеме компетитивни, конкурентини, да го дадеме нашиот максимум и достојно да се претставиме. Очекувам квалитетен натпревар, се надевам дека моите играчи ќе одговорат на притисокот. Моите играчи чувствуваат мала трема, но тоа е нормално и јас сум бил ракометар и знам како е тоа, но тоа е добар знак. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека ќе имаме шанса да ја изненадиме Војводина. Меѓутоа ова е само почеток и се надевам дека ќе биде големо искуство за тоа што следува во иднина“, истакна Лазаров

Средбата Алкалоид – Војводина се игра утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Сезоната во оваа Ф група од 18.45, утре ќе ја отворат Силкеборг и Ла Риоха.