Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица

Вчера во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М.С.(42) и С.К.(30), двајцата од Битола, извести МВР.

– При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +