Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

723 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 723 возачи, извести МВР.

– Од нив 42 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 423 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 300 надвор од населено место, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Пет кандидати во трка, гласаат 187 обвинители

ДЕСК

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

ДЕСК