„На Северна Македонија заклучок е дека ѝ е потребна интеграција, на регионот му е потребна интеграција, не изолација и за тоа се сложивме со сите соговорници со кои денес имавме состаноци а секако тоа е и еден од заклучоците на Самитот на Берлинскиот процес тука во Тирана. Берлинскиот процес ќе продолжи да го подигнува на нивото на политичка соработка, за нас претставувајќи многу значаен елемент на патот кон евроинтеграциите и пристапниот процес. Во рамките на овогодинешниот процес беа организирани и други состаноци, а кои што беа наменети за младите во организација на РИКО, потоа состаноци на министри за надворешни работи“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана.
Тој додаде дека во Тирана биле отворени и просториите на подружницата на Колеџот на Европа, наменета за сите земји од ЗБ и стипендиите кои ќе бидат обезбедувани од страна на ЕУ ќе важат и за студентите од нашата држава како и за сите други земји од просторот на ЗБ.
„Утре ќе се сретнам и сопотпретседателката на Светска Банка за Европа и Азија, Антонела Басани, со која ќе разговараме за 30годишната соработка, меѓутоа и за она што го разговаравме и на кое веќе се работи на средбата која ја имав со тимот на СБ во Њу Јорк, а тоа е следниот аранжман, односно следната рамка која ќе ја имаме со СБ во однос на финансирање на ифраструктурни и реформски проекти во нашата држава од страна на СБ. Тоа се клучните активности кои се случуваа накратко во текот на денешниот долг ден“, заклучи Ковачевски.