Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Гледаме дека и со гарантирани цени и замрзнати маржи малопродажбата добро функционира

„Се увиде дека и со гарантирани цени и замрзнати маржи може да се функционира и компаниите во диструбиција и малопродажба добро функционираат. Тоа беше пример минатата година, тоа е пример и сега“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека сепак, одредени компании практикуваат нефер практики, поради што сите се доведени во неповолна состојба каде што има раст на цените и поркрај тоа што не постојат економски параметри кои укажуваат на тоа.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека новиот Закон за справување со нефер трговски практики на почетокот на идниот месец ќе влезе во собраниска процедура.

„Ова е нова практика, нов закон кој го нема никој во регионот. Моравме да собереме соодветно знаење и користевме консултанти од Западна Европа. Сметаме дека имаме решение кое е блиску до најдоборото“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КУРСЕВИ ОД НАРОДНАТА БАНКА – Еве колку вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК