Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Возеле брзо, без возачка и пијани – Напишани повеќе казни

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 15 санкции за возење без возачка дозвола, осум санкции за управување возило под дејство на алкохол, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување возило…

На 14/15.10.2023 во периодот од 23.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола во која вкупно биле откриени и санкционирани 16 возачи (ТЕ-10 и ГВ-6) кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Кај најголемиот број од нив (ТЕ-5 и ГВ-2) биле констатирани, односно измерени од еден до еден и пол промили алкохол во организмот.Сите возачи-прекршители кои управувале под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби, кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено им се одземени и возачките дозволи. При контролата биле откриени и со соодветни поднесоци заокружени и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-5).

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК